Можеше денес да биде еден од хероите, но тој самиот избра нешто друго….
Никола Калиниќ одби да влезе во игра на местото на Марио Манџукиќ во 84 минута против Нигерија наведувајќи како причина болка во грбот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Селекторот, Златко Далиќ не сакаше да толерира такво однесување и се одлучи да го исфрли од репрезентацијата.
Хрватскиот селектор пред патувањето во Русија порача дека сите во хрватскиот табор мораат да го „спуштат своето его“, Калиниќ не успеа во тоа и сега може само да жали.
Денес најголемиот трагичар на Мундијалот ја објави својата прва фотографија од кога не е дел од селекцијата на Хрватска.
Се припрема со Милан и игра билјард, а можеше да биде дел од историски успех…