И покрај фактот што Реал Мадрид има репутација на клуб кој троши огромни пари за трансфери, сепак статистиката покажува дека „кралевите“ имаат одлична трансфер политика во последните пет години.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, статистиката од последните 5 години покажа дека разликата помеѓу потрошените пари и реализираните приходи кај Реал е само 6,4 милиони евра.
Така „кралскиот“ клуб се најде на 115-то место меѓу клубови со најголем минус кога се трансферите во прашање. Очекувано на првите три места се најдоа богаташите Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
За последните пет години „граѓаните“ потрошиле 1.010 милијарди на трансфери, а продале играчи во вредност од 264 милиони евра. Кај „црвените ѓаволи“ и „светците“ загубите се од 625 милиони и 544 милиони евра.
Меѓу првите 10 се уште Барселона, Арсенал, Јувентус, Милан, Ливерпул, Вест Хем и Интер.
