Дома Фудбал Италија Јувентус го претстави новиот дефанзивец: Ова е остварување на сонот!

Јувентус го претстави новиот дефанзивец: Ова е остварување на сонот!

Италијанскиот лев бек Леонардо Спинацола денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Јувентус.

Бившиот играч на Аталанта изјави дека е пресреќен и за него е остварување на сонот да го облече црно-белиот дрес.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Денес се оствари мојот сон. Долги години ја чекав оваа шанса. Среќен сум што на крајот успеав да се вратам во овој клуб. Јувентус е секогаш бил место каде што сакам да бидам. Никогаш не сум размислувал за други клубови“, изјави Спинацола.

„Мојата физичка состојба е добра, започнав да трчам. Сега треба да продолжам да работам за што поскоро да се рехабилитирам од повредата. Очекувам да се вратам на терените во октомври или ноември“, додаде левиот бек кој ќе го носи дресот со број 37.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…