Италијанските медиуми пренесуваат дека Лацио е сериозно заинтересиран за Арјен Робен и дека спрема понуда за играчот на Баерн Минхен.
Робен иако има 34 години минатото лето го продолжи договорот со Баварците на уште една сезона, но јасно е дека повеќе нема да биде прва опција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лацио сака да ја искористи таквата опција и да го донесе ветаранот во Серија А, како што направи со Клосе пред неколку години.
Италијанскиот клуб е спремен да му понуди тригодишен договор и секако место во стартниот тим, па Робен би можел да ја прифати понудата.