Дома Трансфер зона Европските гиганти се „тепаат“ за синот на Роналдињо

Европските гиганти се „тепаат“ за синот на Роналдињо

Според пишувањата на бразилските медиуми, синот на легендарниот Роналдињо наскоро би можел да тргне по стапките на својот татко.

Момчето има само 13 години и моментално е член на една фудбалска академија во Бразил, но постои реална шанса за многу брзо да се пресели во Европа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За талентираниот Жао Мореира интерес покажуваат ПСЖ и Евертон, но неговите настапи ги следат уште неколку европски клубови.

Интересно е дека Жао веќе тренираше со младите категории на ПСЖ, клуб каде во минатото настапуваше неговиот татко.

Доколку Жао наследил барем половина од талентот на својот татко, нема сомнеж дека ќе направи блескава кариера. Но, сега е само на почеток и може набрзо да го гледаме во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…