Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Мексико и член на ПСВ, Ирвинг Лозано.
Според индормациите, Манчестер Јунајтед спрема понуда од 35 милиони евра и таквата понуда официјално ќе им ја претстави на челниците на ПСВ кон средината на наредната недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лозано има само 23 години игра како крилен напаѓач и подеднакво добро да се снаоѓа на двете страни од теренот.
Проблем за „црвените ѓаволи“ може да биде конкуренцијата бидејќи силен интерес за Мексиканецот покажува и Барселона.
Каталонците веќе подолго време го скаутираат Лозано и наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Лозано готово сигурно ова лето ќе го напушти ПСВ, па ќе биде на слатки маки во кој клуб да ја продолжи кариерата.