Италијанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти е силно заинтересиран во Наполи да ја донесе ѕвездата на ПСЖ, Анхел ди Марија.
Анчелоти имаше одлична соработка со Аргентинанецот во Реал Мадрид и од претседателот Де Лаурентис побарал да го донесе во Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спортмедиасет“ тврди дека Наполи веќе стапил во контакт со неговиот агент и му понудил тригодишен договор „тежок“ 5 милиони евра по сезона. Сепак, „камент на сопнување“ можат да бидат авторските права на фудбалерот, па двете страни преговараат околу тоа.
Ди Марија има договор со ПСЖ до наредното лето, но минатата сезона добиваше мала минутажа, па е спремен да ја промени средината.
„Светците“ за неговата слобода бараат 30 милиони евра, а Наполи наводно е спремен да плати 20 милиони, но двата клуба можат да ја „испеглаат“ разликата со бонуси.