Парите најверојатно не се главната причина за трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус бидејќи Португалецот одбил понуда од Кина со која ќе станеше убедливо најплатен фудбалер на светот.
Добро информираната „Марка“ пренесува дека Роналдо, пред да добие повик од Торино, имал богата понуда од неименуван кинески клуб. Понудата била „тешка“ 100 милиони евра по сезона, за две години. Точно 200 милиони евра без бонуси и со платени сите даноци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Роналдо експресно ја одбил понудата бидејќи го водат спортски мотиви. Сака да игра на највисоко ниво и се уште да освојува тимски и индивидуални награди во Европа.
Иако, со прифаќање на понудата Роналдо ќе станеше најплатен фудбалер во светот и ќе заработуваше повеќе од Меси и Нејмар, сепак Пртугалецот се решил да му каже ДА на Јувентус.
Во Торино ќе заработува 30 милиони евра по сезона, што е за 9 милиони евра повеќе од актуелната плата која ја заработува на „Сантиаго Бернабеу“.