Алжирскиот репрезентативец Ријад Марез конечно ќе го напушти Лестер и ќе се пресели во Манчестер Сити за 80 милиони евра, пренесува „Скај Спорт“.
Како што наведува „Скај Спорт“, Лестер ја прифатил понудата на „граѓаните“ која е за 20 милиони евра повисока од онаа која ја нудеше Сити во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш Марез беше пред трансфер на „Етихад“, но Лестер не го пушти, па фудбалерот најави штрајк.
Сега конечно ќе му се исполни желбата на Алжирецот да стане „граѓанин“, но и на Гвардиола кој силно го посакуваше Марез во својот тим.
Се очекува Марез до крајот на неделата да пристигне на лекарски прегледи во Манчестер за да го комплетира трансферот во Сити.
BREAKING: Sky sources: Riyad Mahrez to have medical at @ManCity this week after @LCFC accept bid in region of £60m. #SSN pic.twitter.com/rjzHBJLslF
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 3, 2018