Изминатите денови медиумите пишуваа за интересот на Манчестер Јунајтед за капитенот на Милан Леондардо Бонучи, но Мурињо всушност сака друг дефанзивец на „росонерите“.
Милан вчера официјално потврди дека Бонучи не е на продажба, а денес италијанските медиуми потвдија дека Мурињо испратил понуда за Алесио Ромањоли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ромањоли имаше фантастична сезона во дресот на Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа, па интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.
Понудата која ја испратиле Манчестер јунајтед изнесувала 45 милиони евра плус пет милиони во бонуси, но „росонерите“ експресно ја одбиле.
Ромањоли неодамна го продолжи договорот со Милан до 2022 година и миланскиот гигант во него гледа столб на кого ќе го гради тимот во иднина.