Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Маестралниот гол на Јанузај го одлучи натпреварот кој беше подобро да се загуби (видео)

Маестралниот гол на Јанузај го одлучи натпреварот кој беше подобро да се загуби (видео)

Со вечерашните натпревари помеѓу Англија – Белгија и Панама – Тунис беше ставено крај на групната фаза од Мундијалот.

Беше интересно да се види како ќе реагираат фудбалерите Англија и Белгија бидејќи поразот гледајќи ја конечната цел на Мундијалот беше подобра опција, обезбедуваше место во условно кажано полесниот дел од костурот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На крајот во натпревар во кој не видовме премногу шанси до победа стигна селекцијата на Белгија со прекрасниот гол на Аднан Јанузај.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 51 минута кога после додавањето од Тилеманс, Јанузај упати одличен удар кон голот на Пикфорд и успеа да го совлада.

Освен погодокот на Јанузај, најинтересниот момент на средбата го направи Мичу Батшуаи при прославата на погодокот. Дополнителен коментар не е потребен. Погледнете…

Во вториот натпревар помеѓу селекциите кои ги загубија своите шанси славеше, Панама и Тунис, славеше Тунис со 1:2.

Панамците први стигнаа до предност со автоголот на Мериах во 33 минута, Тунис до пресврт стигна во вториот дел со головите на Бен Јусеф и Казири во 51 и 66 минута.



Во осминафиналето Белгија ќе оди на натпревар против Јапонија, додека Англија ќе се сретне со селекцијата на Колумбија. Но, потоа во случај Белгиците да ги елиминираат Колумбијците одат на Бразил или Мексико, додека Англија во случај на пласман во четвртфиналето ќе игра против Шведска или Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Интер ја добива битката со Наполи: Во Милано пристигнува француски репрезентативец!

Енди Дијуф од редовите на Ленс наскоро ќе биде промовиран како ново засилување на вицешамп…