Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Колумбија и Јапонија во осминафиналето, Сенегал си оди дома поради жолти картони! (видео)

Колумбија и Јапонија во осминафиналето, Сенегал си оди дома поради жолти картони! (видео)

Денес од 16:00 часот беше комплетирана и групата Х на Мундијалот во Русија.

И на двата натпревари видовме идентичен резултат 1:0.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


На средбата помеѓу Сенегал и Колумбија до победа стигнаа Колумбијците кои така си обезбедија осминафинале.

Во натпревар без многу прилики, Колумбијците стигнаа до победа со голот на дефанзивецот на Барселона, Јери Мина кој повторно како и во претходниот натпревар постигнува гол после прекинот изведен ов Квардадо.

Со оглед на победата на претходно елиминираната Полска против Јапонија од 1:0, Колимбија и реми ја водеше во осминафиналето, но во тој случај елиминирана ќе беше Јапонија, на сметка на Сенегал.

Колумбија и Јапонија се идентични на табелата и по бројот на бодови (4) и по гол-разликата (4:4) и нивниот меѓусебен дуел заврши 2:2. Сеапк, Јапонците патуваат во осминафиналето.

Како што споменавме Полска со 1:0 ја совлада Јапонија, а стрелец на голот беше Бендерек исто така после еден прекин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Постекоглу конечно ја прекина тишината за кошмарот во Нотингем Форест

Постекоглу беше назначен како наследник на Нуно Еспирито Санто во септември, но беше отпуш…