Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси со голот против Нигерија продолжи низа на играчите на Барселона започната во 2010 година!

Меси со голот против Нигерија продолжи низа на играчите на Барселона започната во 2010 година!

Лионел Меси ја продолжи низата започната во 2010 година во Јужна Африка.

Вечерва ќе ја добиеме репрезентацијата која од групата Д ќе и прави друштво на Хрватска во 1/8 финалето на Светското првенство.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На Аргентина потребна и е само победа, се друго би било катастрофа.

Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси ја погоди мрежата во 14 минута на стадионот „Крестовски’ во Санк Петерзбург и тоа воедно беше 100-ти гол на 21-то Светско првенство.

Овој гол можете да го погледнете ТУКА.

Интересно е што токму како на претходните два Мундијали 100-тиот гол на турнирот го постигнува играч кој е врзан со договор за Барселона во тој момент.

Пред осум години, Андрес Иниеста го постигна 100-тиот гол во натпреварот против Чиле, а на Мундијалот во Бразил јубилејниот погодок го постигна Нејмар во натпреварот против Камерун, вечерва погоди Меси против Нигерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …