Tрансфер сагата околу Миралем Пјаниќ продолжи и денес околу неговиот евентуален трансфер во Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веќе неколку недели на големо се шпекулира за тоа дека Миралем Пјаниќ би можел ова лето да го напушти Јувентус и кариерата да ја продолжи во Барселона.
Медиумите на Апенините пишуваа дека Јувентус е спремен да го пушти Босанецот, само во случај некој клуб за неговите услуги да издвои околу 80 милиони евра.
Според пишувањето на „Калчомеркато“ од Јувентус денес му порачале дека немаат намера да го пуштат во Барселона бидејќи Масимилијано Алегри сериозно смета на неговите услуги.
Но, наводно исто така му соопштиле дека доколку Пјаниќ сака да трансфер во Барселона мора да се изјасни и да поднесе официјално барање за трансфер.