Иако се уште се играат натпреварите од групната фаза по еден сегмент овој Мундијал сигурно ќе остане запаметен – пеналите!
Со воведувањето на ВАР на Светското првенство се зголеми и бројот на досудени пенали, но сепак и покрај тоа зачудувачка е споредбата со Мундиајлот одигран пред четири години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, во Бразил на комплетниот Мундијал, 64 натпревари 13 пати судиите покажуваа на белата точка. На ова Светско првенство кое е во тек веќе после 28 натпревари досудени се 14 удари од белата точка.
Ваквиот податок е само дополнителен доказ колку ВАР влијае на фудбалот, но мораме да истакнеме дека на судиите и технологијата не може ништо да им се забележи (кога се досудените пенали во прашање) сите најстроги казни беа оправдано досудени.
Од 14-те досудени пенали, досега само три беа нереализирани.