Очигледно е дека во аргетинската репрезентација нешто не е во ред. Тие и пред почетокот на Мундијалот имаа неколку скандали и инциденти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, ремито со Исланд, а особено дебаклот против Хрватска покажаа дека во редовите на репрезентацијата има вистински раздор.
Синоќа после мечот аргентинските новинари го запрашаа Агуеро да ја коментира изјавата на Сампаоли дека „Меси немал поддршка од соиграчите“, а Агуеро накратко им одговори: „Што сака нека зборува“ и веднаш замина во соблкувалната.
Аргентинските медиуми пренесуваат дека Сампаоли нема поддршка од најголем дел од играчите и може да биде сменет уште пред натпреварот со Нигерија.