Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Рапсодија по хрватски ноти, Аргентина пред елиминација

Видео: Рапсодија по хрватски ноти, Аргентина пред елиминација

Хрватска го доби дербито во Групата Д и обезбеди пласман во осминафиналето, додека Аргентина со само еден бод е пред елиминација.

Во првото полувреме силите на теренот беа израмнети без многу шанси на двете страни. Аргентина го имаше поседот на топката, но најзрелата шанса ја имаше Манџукиќ кој биеше непрецизно со глава од пет метри.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во второто полувреме се започна со киксот на Кабаљеро, кој со непромислен потег му ја подари топката на Ребиќ, а овој на мајсториски начин ја смести во голот за водство од 1:0.

Тогаш Сампаоли фрли се на една карта и во игра ги стави Дибала, Игуаин и Павон, а тоа им отвори простор на „коцкестите“.

Најпрво следуваше фантастичен гол на Лука Модриќ од дваесетина метри, а печат на победата стави Ракитиќ во 92-та минута за конечни 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Еве кој е фаворитот за нов домаќин на Светското клупско првенство

Со финалниот натпревар меѓу ПСЖ и Челси заврши првото издание на Клупското Светско првенст…