Колку добро играат Русите на отворањето на Мундијалот говори и податокот дека на два натпревари постигнаа ист број на голови колку што на Шпанија и беа потребни за да освои титулата во 2010 година во Јужна Африка.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Русите имаат старт од соништата на Мундијалот на кои се домаќини. На отварањето прво славеа против Саудиска Арабија со 5:0, додека против Египет стигнаа до победа од 3:1.
Можеби тоа и не би бил кој знае каков податок доколку Шпанија со 8 постигнати погодоци не станеше шампион на светот во 2010 година!
Шпанците во 2010 година во групната фаза постигнаа четири погодоци и во нокаут фазата до крајот на турнирот уште 4.
Секако добро е што Русите имаат расположени напаѓачи како што се Черишев и Џуба. Черишев се изедначи на врвот на листата стрелци на Мундијалот со Кристиано Роналдо, во овој момент имаат постигнати по три погодоци, а Џуба постигна два.