Селекторот на Египет во текот вчерашниот ден најави дека Мохамед Салах денес ќе го започне натпреварот против Уругвај, но на крајот Салах сепак остана на клупата за резерви.
Хозе Марија Хименез му донесе победа на Ургувај на стартот на Мундијалот, па сега Уругвајците се блиску до пласман во следната фаза.
Египет спротивно од вчерашните најави на оваа средба настапи без Салах.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што е познато Салах заработи повреда во финалето од Лигата на шампионите, а сега селекторот Купер објасни зошто својот најдобар фудбалер го оставил на клупата за резерви.
„Мохамед е важен играч за нас, но за Мундијалот е важн ода имате и тим. Салах ќе ја има главната улога во следните натпревари. Сакавме само го избегнеме ризикот кој постоеше за оваа средба, но мислам дека за следниот натпревар ќе биде 100% спремен“, изјави Купер.
Во следното коло Египет ќе се сретне со Русија која на отварањето на Мундијалот запиша убедлива победа против Саудиска Арабија од 5:0.