Русија вчера ја декласораше Саудиска Арабија со 5:0 на стартот на Мундијалот, а главна ѕвезда кај домаќините беше Александар Головин.
Младиот руски фудбалер и член на ЦСКА Москва го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најконкретен од сите е италијанскиот шампион Јувентус.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус од поодамна покажа интерес за Головин, а „Скај Италија“ пренесува дека веќе имал средба со неговите агенти и ги договориле условите.
„За сега сакам да се фокусирам на СП и Русија, но чест ми е што ме бара Јуве. Сепак, сега сакам да имам што подобро СП“, изјави Головин после натпреварот.
Сега останува уште Јувентус и ЦСКА да ја договорот отштетата, но нема сомнеж дека рускиот клуб ќе ја зголеми цената после одличните партии на Мундијалот.