Италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал е блиску до трансфер на ѕвездата на Сампдорија, Лукас Тореира.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аргентинскиот играч за врска одигра фантастична сезона во Сампдорија и беше на мета на Наполи, но „топџиите“ ја победија конкуренцијата.
Тореира веќе се договорил со Арсенал, па останува двата клуба да ги договорат последните детали околу отштетата, која најверојатно ќе изнесува 30 милиони евра.
Тореира ќе биде првото засилување за Арсенал во ерата на Емери, а англиските медиуми пренесуваат дека клубот е блиску до договор со голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено.