Дома Фудбал Останато Роналдо: Сите зборуваат за мене и Меси, но Салах може да ја освои Златната топка

Роналдо: Сите зборуваат за мене и Меси, но Салах може да ја освои Златната топка

Кристиано Роналдо и Лионел Меси веќе долги години владеат во светскиот фудбал и си ги делат најголемите награди. Но, Португалецот е убеден дека Салах може да ја прекине нивната доминација.

Салах оваа сезона постигна дури 44 погодоци во сите натпреварувања во дресотн а Ливерпул, но поради повреда мораше да го напушти финалето против Реал Мадрид после само половина час игра. Се стравуваше дека Салах може да го пропушти Мундијалот, но сепак се најде на списокот на Египет за патници на Мундијалот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Роналдо сега го пофали Салах пред почетокот на Светското првенство.

„Салах беше откритие на сезоната. Се надевам дека повредата од финалето во Киев нема да го спречи да го даде максимумот на Светското првенство. Многу луѓе зборуваат за борбата помеѓу Меси и Роналдо, но има и други играчи кои имаат шанса да се вклучат во трката за Златната топка. Салах е еден од нив“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го сака братот на ѕвездата на ПСЖ

Милан го насочиле вниманието кон братот на ѕвездата на ПСЖ, Гела Дуе, кој исто така игра в…