Дома Трансфер зона Хамшик донесе одлука: Го напуша Наполи

Хамшик донесе одлука: Го напуша Наполи

Капитенот на Наполи, Марек Хамшик синоќа имал состанок со раководството на клубот и им ја соопштил одлуката дека сака да ја промени средината.

Хамшик има легендарен статус на „Сан Паоло“, каде пристигна пред 11 години и стана симбол на преродбата на клубот од Неапол.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Словакот синоќа имаше средба со претседателот Де Лаурентис и спортскиот директор Џинтуоли, каде им ја соопштил одлуката дека сака да замине.

Хамшик на маса има богата понуда од Кина која не се одбива, а Наполи за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Како што пренесуваат медиумите на Апенините, Наполи веќе бара замена за својот капитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“за ѕвездата на Леверкузен

Европските гиганти се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, …