Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Рускиот дефанзивец: Рамос ни покажа како да го запреме Салах

Рускиот дефанзивец: Рамос ни покажа како да го запреме Салах

Русија на Мундијалот ќе игра во група со Саудиска Арабија, Египет и Уругвај.

Стоперот на Русија, Илија Кутепов со некоректна изјава ги налути фановите на Египет. Русија на 19 јуни ќе се сретне со Египет во рамките од второто коло од групата во која уште се Уругвај и Саудиска Арабија, а се очекува за тој натпревар да биде спремен најдобриот играч на Египет, Мохамед Салах.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кутепов руските новинари го запрашаа дали се плаши од Салах, со оглед на тоа што неговата Спартак Москва и Ливерпул играа во иста група во Лигата на шампионите минатата сезона.

„Не се плашам на основна од она што го видов во тие натпревари. Всушност, неодамна видовме како може да го запрете Салах, тоа на сите ни го покажа Серхио Рамос“.

„Морам да признаам дека не бев баш несреќен кога Салах се повреди во финалето од Лигата на шампионите“, изјави Кутепов и го навлече гневот на сите кои ја симпатизираат репрезентацијата на Египет.

Сепак, Русинот за крај малку го ублажи изговореното.

„Му посакувам брзо опоравување, би бил среќен доколку играм против него на Мундијалот. Играњето против такви мајстори те прави подобар фудбалер“, заврши дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…