Интересна ситуација во кампот на шпанската репрезентација.
Новиот шпански премиер, Педро Санчез го посети тренинг кампот на Шпанците за да им даде поддршка на фудбалерите кои ќе ја „бркаат“ втората титула светски шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Санчез им се обрати на фудбалерите кои му возвратија со аплауз, додека во тие моменти Де Геа ги држеше рацете во џеб.
Причина?
Зборовите на сегашниот премиер пред две години, односно неговото мислење дека Де Геа не би требало да биде дел од тимот поради обвиненијата за секс-скандал од пред неколку години.
Да потсетиме, тогаш Де Геа беше обвинет за организирање на оргии за фудбалерите на Манчестер Јунајтед, но и наводно бил вмешам во секс-скандал со познатиот порно продуцент Торбе кога две девојки го обвинија Икер и уште еден неименуван фудбалер за сексуално злоставување.
Вториот според некои информации бил Иско, но сепак не беше ништо потврдено.
Санчез во 2016 година тврдеше дека таквата ситуација лошо влијае на имиџот на репрезентација, иако немаше никакви докази против голманот на Јунајтед.
Вчера Де Геа ги држеше рацете во џеб, а кога се поздравија само ја сврте главната на другата страна.