Вчерашната вест дека Зидан го напушта Реал Мадрид го изненади фудбалскиот свет, на никого не му е јасно зошто после три освоени титули во низа во Лигата на шампионите си поднесе оставка, иако многумина ќе кажат дека се повлекол во најдобар можен момент.
Сепак екипетскиот милијардер Нагуиб Савирис има поинакви информации. Како што тврди тој Зидан го напуштил Реал Мадрид бидејќи има понуда вредна 200 милиони евра, да не е никаква грешка – 200!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погодувате од каде доаѓа – од Катар!
„Зидан ќе ја води репрезентацијата на Катар и со оваа репрезентација ќе ги започне припремите за СП 2022 година на кое Катер ќе биде домаќин. Неговата плата ќе изнесува 50 милиони евра годишно, за договор на четири години“, тврди милијардерот кој важи за добро информиран кога се работи за споменатото подрајче.
Само за според Зидан во Реал заработуваше 10 милиони евра по сезона.