Германскиот голман Лорис Кариус е најголемиот виновник за поразот на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид (3:1).
Кариус со две катастрофални грешки практично им ја поклони победата на „кралевите“, а после натпреварот беше под голем притисок на јавноста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина дури го исмеваа, а еден од љубителите на фудбалот одлучи да ги продава ракавиците кои Кариус ги носеше во финалето.
Тој на „ebay“ постави фотографија од скинати ракавици алудирајќи на грешките на Криус, а од вкупни 15 добиени понуди највисоката до сега изнесуваше 11.50 фунти.