Скандал ја потресе репрезентацијата на Аргентина на три недели пред почетокот на Светското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Прашина во јавноста крена сопругата на голманот на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро за кого „Гаучосите“ објавија дека е повреден и дека нема да биде во можност да настапи на Мундијалот.
Аргентинците соопштија дека Ромеро го повредил коленото на десната нога и дека нема да биде спремен за Светското првенство.
Меѓутоа неговата сопруга, Елијана Гуерико тврди Фудбалскиот сојуз на Аргентина ја крие вистината и дека повредата на Ромеро е само изговор.
„Опоравувањето од ваквата повреда максимално може потрае две недели. Многу луѓе сакаат да го избркаат од репрезентацијата, но тој вредно работи и ќе биде спремен за првиот натпревар против Исланд. Не знам зошто толку им смета, уморни сме од нивните лаги“, изјави Елијана.