Дома Трансфер зона Официјално: Валенсија го откупи Кондогбија

Официјално: Валенсија го откупи Кондогбија

Жефри Кондогбија минатото лето пристигна во Валенсија на позајмица од Интер, но денес „лилјаците“ го откупија неговиот договор.

Шпанскиот клуб денес потврди дека 25-годишниот Французин потпишал договор до 2022 година и во него ќе има откупна клаузула од 80 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во договорот помеѓу Интер и Валенсија, шпанскиот клуб имаше можност да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра, па се одлучи да ја искористи таа можност.

Кондогбија одигра одлична сезона на „Местаља“ и беше еден од најзаслужните што клубот избори учество во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…