Дарио Срна ќе потпише договор со грчкиот ПАОК, остана уште само да ги изврши лекарските прегледи, пишуваат грчките медиуми.
По 15 години во Шахтјор Донцек, поранешниот капитен на хрватската репрезентација ќе потпише едногодишен договор со двократниот шампион на Грција, според кој ќе заработува 500,000 евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така ПАОК ќе биде третиот клуб за Срна во кариерата, по Хајдук и Шахтјор. Потсетуваме, хрватскиот репрезентативец беше суспендиран поради допинг, па така во Грција ќе пристигне како слободен играч.
ПАОК минатата сезона ја заврши на второто место зад шампион АЕК, а Срна во Шахтјор ќе остане запаметен како играч со најмногу настапи во историјата на овој клуб. Тој настапи на 536 натпревари, а за 15 години освои дури 10 титули шампион на Украина.