Дома Трансфер зона Мистериозен цитат: За каква награда зборува сопругата на Гризман? (Фото)

Мистериозен цитат: За каква награда зборува сопругата на Гризман? (Фото)

griezman

Aнтоан Гризман е човек кој со месеци наназад се поврзува со најголемите европски клубови.

Меѓутоа и покрај понудите од Барселона и Манчестер Јунајтед, тој се уште е член на Атлетико Мадрид, но констатно се поврзува со заминување од овој тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За се да биде уште повеќе мистериозно околу неговата иднина се погрижи неговата сопруга Ерика. Таа постави фотографија од Антоан со нивната ќерка со интересен цитат од Дон Кихот.

„Наградата секогаш доаѓа кога правите добро дело“.

Навивачите на мадритскиот клуб веднаш започнаа да се запрашуваат што тоа значи. Дополнително сомневање за негово заминување разбуди и фотографијата на која Французинот го бакнува пехарот, а капитенот на Габи му се заблагодари на се и му порача дека секогаш ќе биде добродојден во неговиот тим.

Дали тоа значи дека ќе се потврдат најавите на шпанските медиуми дека Гризман веќе се договорил со Барса ќе дознаеме ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…