Челзи ја одигра една од најлошите сезони во ерата на Роман Абрамовиќ, па Русинот одлучи да доведе едно од најголемите засилувања откако што е во лондонскиот клуб.
„Телеграф“ дознава дека на „Стемфорд Бриџ“ постои план за доведување на Роберт Левандовски, ѕвездата на Баерн. Полскиот напаѓач бара нов предизвик во кариерата, а предизвикот сигурно би бил да игра во Премиер лигата. Челзи е подготвен на Баерн за 30-годишниот фудбалер да му плати повеќе од 100 милиони евра и во Минхен да испрати еден играч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Полските медиуми јавуваат дека Левандовски побарал неколку дена одмор за да може да размисли за понудата на Челзи и пред Светското првенство да одлучи за неговата иднина. Оваа сезона Левандовски постигна 41 гол во 48 натпревари. Во Челзи го сакаат, бидејќи не се воодушевени од Мората и Жиру.