Дома Фудбал Останато Мурињо за Фергусон: Семејството побара приватност, сите сме со позитивни мисли

Мурињо за Фергусон: Семејството побара приватност, сите сме со позитивни мисли

Како и целиот фудбалски свет и Жозе Мурињо е отпимист кога во прашање е здравствената состојба на Сер Алекс Фергусон.

Тренерот на Манчестер Јунајтед денес за медиумите изјави дека сите во Манчестер Јунајтед се со позитивни мисли за состојбата на Фергусон.

Мурињо истакна и дека семејството на легендарниот тренер побарало поголема приватност.

„Неговото семејство побара приватност и јас ќе го почитувам тоа. Сите сме многу, многу позитивни“, изјави Мурињо.

Последната информација за здравствената состојба на Фергусон во медиумите се појави во текот на вчерашниот ден кога беше објавено дека се разбудил од кома и разговарал со семејството.

Фергусон кој има 76 години кариерата ја заврши во 2013 година после 26 години поминати во Манчестер Јунајтед со кој освои 38 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус по репрезентативната пауза се сели на клупа?

Ова лето, Винисиус Жуниор доби нов договор, зголемена плата и статус на ѕвезда исто како К…