Дома Останати Кошарка НБА Видео: Битка на титаните – Голден Стејт и Хјустон во финале!

Видео: Битка на титаните – Голден Стејт и Хјустон во финале!

Сосема очекувано, фаворитите Хјустон и Голден Стејт се квалификуваа за финалето на Западната конференција во НБА, после синоќешните победи над Јута и Њу Орлеанс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ракетите“ први го потврдија настапот откако триумфираа над Јута со 112-102. Јута по одморот се врати во натпреварот и пред последната четвртина влезе со позитива од +3.

Но потоа на сцена стапи Крис Пол, кој во завршните 12 минути реализираше 20 поени и ја запечати победата на неговиот тим. Плејмејкерот мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 41 поен и 10 асистенции.

Голден Стејт се справи со Њу Орлеанс многу полесно – 113:104, и исто така ја затворија серијата со 4-1 во победи.

Стеф Кари постигна 28 поени, Кевин Дурант додаде 24, Клеј Томпсон постигна 23, и Дрејмонд Грин заврши со 19.

Тимот од Калифорнија го изедначија рекордот на Чикаго на 15 последователни победи во домашните натпревари во елиминациите постигнати во 1990-1991 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…