Дома Фудбал Италија Буфон: Се плашев дека ќе ја завршам сезоната со НУЛА титули!

Буфон: Се плашев дека ќе ја завршам сезоната со НУЛА титули!

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ја игра последната сезона во кариерата, а призна дека се плашел сезоната да ја заврши без ниту еден освоен трофеј.

Меѓутоа, Буфон е на чекор да го освои 7-то последователно Скудето, а утре ќе го изведе тимот во финалето од Купот против Милан и ќе има можност да ја освои двојната круна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Поради историјата и големината на двата клуба Јувентус никогаш не може да биде фаворит против Милан, ниту обратно. Кога овие два клуба играат финале нема фаворит, тоа го научив уште во 2003 година. Од тогаш игравме 4 финалиња, две ги освоија тие на пенали, а ние едно на продолженија и едно на пенали. Финалињата со Милан се секогаш израмнети“, изјави Буфон.

„Искрено оваа сезона замене беше комплицирана од емотивен аспект. Започна со големото разочарување во ноември со репрезентацијата. Потоа во еден момент стравував дека е можно сезоната да ја завршиме без ниту еден освоен трофеј. За мојата иднина ќе зборувам наредните денови попорецизно“, додаде легендарниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…