Дома Фудбал Зизу скромен: Рано е да зборуваме за Реал на Зидан!

Зизу скромен: Рано е да зборуваме за Реал на Зидан!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан стои цврсто на земјата и покрај големите успеси со тимот во последните три сезони.

„Рано е да зборуваме за Реал на Зидан. Вистина е дека работите одат по вистинскиот пат, но се уште треба време. Потребно е да продолжиме да работиме како до сега“, изјави Зидан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Жално е што двајца важни фудбалери се повредија (Иско и Карбахал), но нема што да направиме. Ако некој не е спремен 100%, нема да биде во тимот“, додаде Зизу.

На прашањето дали Бензема и Герет Бејл повеќе не се во неговите планови, Французинот одговори:

„Така е во фудбалот. Не може да играат сите. Ќе направам се што е возможно да и двајцата да се чувствуваат важен дел од тимот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …