Веќе две години Сергеј Милинковиќ Савиќ е желба на Масимилијано Алегри во Јувентус, а на крајот тој би можел да пристигне кога Италијанецот ќе го напушти клубот.
Позицијата на Алегри во Јувентус не е сигурна и евентуално губење на титулата во Серија А веројатно за искусниот стратег би значело само едно – отказ! „Тутоспорт“ весник кој е добро упатен со случувањата во Јувентус пишува дека поголемиот дел од навивачите веќе сега сакаат Алегри да си замине, без разлика како сезоната ќе биде завршена.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Ако навистина Алегри замине, изгледа дека прв кандидат е Симеоне Изнаги од Лацио кој од принудно решение прерасна во еден од најталентираните тренери во Италија. Работи одлично во Лацио и изгледа дека ја убедил управата дека има потенцијал да предводи клуб каков што е Јувентус.
Пред расплетот околу ситуацијата на тренерот. Јувентус наводно ќе тргне по операцијата наречена „Сергеј Милинковиќ Савиќ“, фудбалерот кој би бил најголемо летно засилување. Иако се споменува дури и враќање на Погба (за ова повеќе тука) во Јувентус се убедени дека Савиќ е подобар избор.
Токму Алегри со месеци инсистираше на доведување на Милинковиќ Савиќ, но во клубот прво не веруваа во неговата проценка, а потоа испратија понуда која Лотито ја одби. Сега Савиќ е еден од најбараните фудбалери, го посакуваат Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Манчестер Сити и Реал Мадрид. Очекувањата се тој да го напушти Рим за сума од 100 милиони евра.
Секако доколку Алегри добие отказ и Инзаги прифати да се пресели во Јувентус, таа ситуација и тоа како би влијаела на одлукатан а Савиќ.
Сепак треба да се истакне и дека Јувентус ќе има пеколно тешка задача да се договори со Лотито поради тоа што управата на „старата дама“ веќе неколку години има нарушени односи со првиот човек на Лацио.