Пишуваат и италијанските и англиските медиуми, но во овој момент оваа опција изгледа малку веројатна.
Не престануваат гласините за заминување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед, а сега во медиумите се појави вест која Французинот го поврзува со враќање во Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус не е премногу заинтересиран, но Раиола наводно се обидува да пронајде начин кој би го привлекол вниманието на Италијанците, а исто така и би му одговарал на Јунајтед.
Според „формулата“ на Раиола, Погба би пристигнал во Торино на една годишна позајмица, а потоа би бил исплатен во две рати. Со други зборови Јувентус би платил околу 140 милиони евра во наредните три години, но и Погба би морал да се согласи на помала плата.
Италијанските медиуми пишуваат дека тој начин на трансфер би му одговарал на Јувентус кој ова лето се очекува да направи реконструкиција, посебно во средината на теренот каде што се сигурно само Миралем Пјаниќ и Матуиди.
Во клубот би требало да пристигне Емре Чан, но тоа не е 100% сигурно. Кога во прашање се заминувањата наводно први на листата се Кедира, Маркизио и Стураро.