Дома Фудбал Италија Буфон негира за расправии во соблекувалната: Тоа се шпекулации!

Буфон негира за расправии во соблекувалната: Тоа се шпекулации!

Легендарниот голман и капитен на Јувентус, Џиџи Буфон категорично ги негираше шпеклациите дека дошло до конфликт во соблекувалната после мечот со Наполи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Некои од италијанските медиуми утрово објавија дека имаше вербална расправија помеѓу Буфон и Бенатиа после поразот од Наполи.

„Тоа се само измислици кои имаат за цел да го дестабилизираат Јувентус. Долги години сум во Јувентус и никогаш не сум дозволил да се покаже со прст на некој и да се обвинува за поразот. Сакам да потенцирам дека Бенатиа е исклучително воспитано момче, кој ја штити каузата на овој клуб“, истакна Буфон.

„Скудетото? Загубивме 5 бода во последните два меча, но и покрај тоа сме на врвот на табелата. Треба да се обидеме да ја зачуваме предноста до крајот на сезоната. Мечот со Интер е решавачки за нас“, заклучи Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …