Дома Трансфер зона Барса избра идеален наследник на Иниеста и тоа од Премиер лигата!

Барса избра идеален наследник на Иниеста и тоа од Премиер лигата!

Иако Барселона многу веројатно оваа сезона ќе стигне до титулата во шпанската Примера, очекувањата се на лето тимот да претрпи одредени промени, пред се поради заминувањето на Андрес Иниеста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што стојат работите Иниеста заминува во Кина, а Барселона како негова замена ќе се обиде да го доведе одличниот Данец од Тотенхем Кристијан Ериксен.

Ериксен зад себе има одлична сезона, а Барселона во него гледа идеален наследник на Шпанецот.

Официјална понуда за Иниеста се уште нема, но неодамна каталонските медиуми објавија дека тој ќе ја прифати понудата од Кина. Повеќе за ова можете да прочитате ТУКА.

Ериксен оваа сезона за Тотенхем настапи на 42 натпревари и стигна до учинок од 14 погодоци и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…