Атлетико без Диего Симеоне и со Аргентинецот на клупата е сосема различен клуб!
Од кога Диего Симеоне го превзема Атлетико Мадрид клубот забележува неверојатни резултати, посебно ако се споредат со оние пред тој да влезе во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Атлетико Мадрид со Диего Симеоне на клупата шест години во низа веќе е дел од Лигата на шампионите, додека во претходните 16 само два пати беа дел од елитата.
Аргентинецот од Атлетико натправи голем клуб, „јорганџиите“ два пати стигнуваа до финалето во Лигата на шампионите, ја освоија Лигата на Европа и сега се во полуфиналето на ова натпреварување.
Откако Атлетико ја освои ЛЕ во првата сезона на Диего Симеоне започна походот кон Лигата на шампионите. Само оваа сезона беа елиминирани во групната фаза, но секако ќе им биде простено доколку го освојат трофејот во Лигата на Европа.
Во тој период Атлетико само од настапите во најелитното европско натпреварување инкасираше 255 милиони евра, повеќе од нив доби само Реал Мадрид.
Кога ќе се погледнат ваквите резултати Симеоне секако заслужува еден ден една од трибините на „Ванда Метрополитано“ да го носи неговото име.