Тимот на Рома направи голем подвиг и ја елиминираше Барселона во ¼ финалето од Лигата на шампионите иако во првиот натпревар беа поразени со 1:4, а сега двата англиски гиганти покажуваат интерес за херојот на „волчицата“ од реваншот.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се заинтересиран во своите редови да го доведат дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сер Алекс Фергусон присусвуваше на трибните на „Олимпико“ и на дело имаше можност да се увери во квалитетите на дефанзивецот и наводно го препорачал на својот поранешен клуб.
Манолас одигра фантастичен натпревар во дуелот со Лионел Меси, а круна на неговиот настап беше голот кој го постигна по изведениот корнер на Ундер и кој на Италијанците им донесе пласман во полуфиналето.
Сепак, се наведува дека доколку Јунајтед сериозно тргне по потписот на овој фудбалер ќе има голема конкуренција од тимот на Ливерпул кој е заинтересиран да го доведе во своите редови и го следи подолго време.