Дома Фудбал Италија Агентот: Верати ќе се врати во Италија!

Агентот: Верати ќе се врати во Италија!

Марко Верати би можел да биде ѕвезда на зимскиот преоден рок бидејќи неговиот агент потврди дека Италијанецот наскоро би можел да го напушти ПСЖ.

Многу европски гиганти се заинтересирани за потписот на Верати, а агентот потврди дека би можел да се врати во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дали ќе остане во Париз до крајот на кариерата? Ве уверувам дека нема, има понуди од Италија, но не можам да ви кажам ништо во моментов. Постојат многу клубови кои се заинтересирани за Верати, но за повеќе информации ќе мора да го прашате луѓето од ПСЖ“, изјави агентот на плејмејкерот.

Верати во последно време се поврзува со трансфер во Интер и Јувентус.

„Новите сопственици на Интер имаат финансиска моќ да го купат било кој фудбалер во светот. За сега нема ништо, но еден ден Марко ќе се врати во Италија“, потврди агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…