Вардарки со еден гол предност ќе го дочекаат реваншот во Скопје, откако славеа минимално (23:24) на гостувањето кај Митјиланд, во рамките на првиот четвртфинален меч од Лигата на Шампионите. Нашиот состав долго време имаше негатива, но со серија од неколку погодоци и пред се добра одбрана, кога домашниот тим не постигна гол цели 16 минути го најави пресвртот и на крајот триумфираше. За најдобар потег на мечот е избран, цепелинот на Лакрабер и Лекиќ, гол со кој црвено-црните го намалија резултатот на 20:19, а потоа и целосно го свртеа во своја корист.
Погледнете ја оваа одлична акција на Лакрабер и Лекиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓