Марио Балотели на крајот на сезоната ќе ја напушти Ница како слободен агент, и најверојатно повторно ќе се врати во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека неговиот агент Мино Раиола денес имал средба со раководството на Рома и двете страни разговарале за трансферот на италијанскиот напаѓач на „Олимпико“.
Пред извесно време, Балотели даде интервју за „Газета дело Спорт“ и јавно потврди дека би сакал да игра во Рома, а сега медиумите тврдат дека трансферот е многу веројатен.
Имено, двете страни постигнале начелен договор за трансфер и наредните денови треба да ги договорат последните детали од соработката.