Дома Фудбал Меси поради повредата пропушта натпревар и за Барселона?

Меси поради повредата пропушта натпревар и за Барселона?

Лионел Меси поради полесна повреда ги пропушти пријателските натпревари на Аргентина, а сега медиумите пишуваат и дека под знак прашалник е доведен неговиот настап против Севиља.

Имено, Барселона ја очекува натпревар против Севиља во првенството на Шпанија и за оваа средба би можеле да останат без услугите на својот најдобар фудбалер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За среќа на Барселона како што споменавме станува збор за полесна повреда и се очекува Меси со сигурност да биде спремен за натпреварот против Рома во Лигата на шампионите.

Меси ќе патува со тимот во Севиља, но прашање е дали Ернесто Валверде ќе ризикува со првата ѕвезда на тимот.

Натпреварот помеѓу Барселона и Севиља се игра во сабота со почетокот во 20:45 часот, во истиот термин во среда на програмата е натпреварот против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Една од најголемите ѕвезди на Јунајтед со жестока реакција до фанот кој одбива да се шиша додека Јунајтед не победи пет натпревари по ред

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го сподели своето гледиште за приказн…