Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Хавиер Пасторе може кариерата да ја продолжи во Турција, бидејќи за него силен интерес покажува Бешикташ, пренесуваат тамошните медиуми.
Пасторе беше на излезна врата од ПСЖ уште во јануари, кога беше голема желба на милански Интер, но на крајот остана во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, и самиот призна дека неговиот циклус во ПСЖ е завршен и дека на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината.
Интер и понатаму останува еден од главните кандидати за неговиот потпис, но „нероаѕурите“ не се спремни да ја платат сумата од 30 милиони евра која ја бараат „светците“.
Сега Бешикташ силно се вклучува во траката за неговиот потпис и е спремен да ги задоволи финансиските барања на ПСЖ.
За Пасторе интерес покажуваат и некои клубови од Премиер лигата, па останува да видиме кој ќе биде неговиот избор.