Дома Топ вести Дибала ги ШОКИРА и Реал и Јуве – беше на вечера со Симеоне

Дибала ги ШОКИРА и Реал и Јуве – беше на вечера со Симеоне

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала ги поминал претходните два дена во Мадрид, а италијанските медиуми веднаш започнаа со шпекулации дека Аргентинецот отишол на преговори со челниците на Реал Мадрид.

Меѓутоа, Дибала во престолнината на Шпанија имаше интересен состанок, но со тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајцата биле видени синоќа на вечерва во еден елитен ресторан во Мадрид, а тоа беше доволно медиумите веднаш да почнат да шпекулираат.

Имено, денешното издание на „Марка“ тврди дека Атлетико го сака Дибала како замена за Гризман, кој на лето ќе ги напушти „јорганџиите“.

Италијанските медиуми пак отвараат друго сценарио, а тоа е дека Симеоне веќе се договорил со Пари Сент Жермен и дека го убедува Дибала да му се придружи во Париз.

Дали станува збор само за вечера на двајца пријатели или нешто повеќе, ќе видиме кога ќе се отвори летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…