Дома Фудбал Англија Лоша и добра вест стигнаа за Мурињо пред мечот со Севиља

Лоша и добра вест стигнаа за Мурињо пред мечот со Севиља

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во вторник од 20:45 ја дочекуваат Севиља во реванш осминафиналниот меч во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жозе Мурињо потврди дека Ентони Марсијал закрепнал од повредата и дека ќе биде во составот, додека се уште не се знае дали Пол Погба ќе биде подготвен.

Французинот го пропушти дербито со Ливерпул поради полесна повреда, одлуката за неговиот настап ќе биде донесена непосредно пред мечот.

„Марсијал е подготвен. Погба тренираше малку денес со нас, не знам ќе видиме“, истакна Мурињо.

И натаму надвор од ростерот се Рохо, Џоунс и Блинд кои веќе неколку недели се надвор од тимот.

Јунајтед мора да победи, со оглед на тоа дека на првиот меч резултатот беше 0:0, а мечот на програмата е вторник во 20:45.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво нешто на Мундијал на Бразил никогаш не му се случило: Еве како Норвешка ги надигра

Бразилската репрезентација доживеа неочекуван пораз и елиминација уште во осминафиналето н…