Фудбалерите на Пари Сен Жермен стигнаа до убедлива победа во рамките од 29 коло од францускиот шампионат.
Избраниците на Унаи Емери со сигурни чекори чекорат кон освојувањето на титулата во Франција, сега пред своите навивачи го совладаа Мец со 5:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се беше решено после само 45 минути игра.
Домаќинот поведе уште во петата минута со голот на Мение, а потоа следуваа два погодоци за осум минути на 20 годишниот Кристофер Нкунку.
Ова момче со потекло од Конго прво погоди по асистенцијата од Верати, а потоа со одличен удар од надвор од шеснаесетникот дојде до вториот гол на натпреварот. Во продолжение од првото полувреме, Верати запиша нова асистенција, а овој пат погоди Килијан Мбапе.
Конечниот резултат го постави Тијаго Силва во 82 минута после корнерот од десната страна.
Треба да се истакне и дека во последните дваесетина минути од натпреварот шанса за игра доби и синот на поранешниот фудбалер на Милан Жорж Веа, за кого ова беше втор настап во дресот на Пари Сен Жермен.